Познати добитниците на општински стипендии за основци, средношколци и студенти

Познати добитниците на општински стипендии за основци, средношколци и студенти

Охрид, 1. март 2023 (ИНПРЕС) – По претходно распишани конкурси, Општина Охрид ги објави ранг листите на добитници на стипендии наменети за основци, средношколци и студенти.

Резултатите се објавени на општинската веб страница на следниот ЛИНК.

Добитниците на стипендии од понеделник, 6-ти до петок 10-ти март, во периодот од 12:00 до 15:00 часот треба да дојдат во просториите на советничката канцеларија во Општина Охрид за да ги потпишат договорите. Добитниците на стипендија (малолетни лица) при потпишувањето на договорот, треба да дојдат во прдружба на родител или старател.

Кандидатите кои не добиле стипендија може да поднесат приговор против одлуката на Градоначалникот во рок од 5 (пет) дена од денот на објавување за извршениот избор. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива