Свикана 25. седница на Советот на Општина Охрид

Свикана 25. седница на Советот на Општина Охрид

Охрид, 8. март 2023 (ИНПРЕС) – За вторник, на 14-ти март е закажана 25-та седница на Советот на Општина Охрид.

Со обемниот дневен ред се опфатени годишните извештаи за реализација на програмите во повеќе области, за работата на јавните претпријатија, извештаите за финансиското работење и годишните сметки за минатата година на основните и средни те училишта, детскатата градинка „Јасна Ристеска“ и Отворениот граѓански универзитет за доживотно учење „Кузман Шапкарев“.

Покрај тоа, советниците ќе расправаат по Правилникот за користење финансиски средства од буџетот на Општина Охрид за субвенционирање на регистрирани занаетчии на подрачјето на општината, за задолжување со наменски кредит на ЈП „Охридски Комуналец“ за набавка на специјални возила, како и давање согласност на Одлуката за покривање на загубата од работењето на ЈП „Водовод“ Охрид за 2022 година.

Со дневниот ред се опфатени и бројни точки од сферата на урбанизмот.

Почетокот на седницата е закажан за 09:00 часот. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес