Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Договори со „Виз Ер“ и „Луфтханза“ за субвенционирани летови до Франкфурт, Луксембург, Штутгарт, Салцбург и Љубљана

Договори со „Виз Ер“ и „Луфтханза“ за субвенционирани летови до Франкфурт, Луксембург, Штутгарт, Салцбург и Љубљана

1 min read

Скопје, 13. април 2023 (ИНПРЕС) – Со субвенции од Владата, германската авиокоманија „Луфтханза“ ќе воведе една нова авиолинија – од Скопје до Франкфурт, а „Виз Ер“ четири, – од Скопје до Луксембург, Штутград, Салцубург и до Љубљана.

Премиерот Димитар Ковачевски и министерот за транспорт и врски Благоја Бочварски на прес-конференција објавија дека е успешен повикот за субвенции за нови авиолинии што заврши на 31-ви март и оти е склучен договор со „Луфтханза“ и „Виз Ер“.

„Луфтханза“ тргна на најдолгиот лет во својата историја

„Луфтханза“ ќе лета од Скопје до Франкфурт од 23-ти април десет пати неделно, а „Виз Ер“ за новите четири дестинации три пати неделно од 1-ви ноември годинава. Финансиската поддршка ќе изнесува седум евра во денарска противвредност по патник во заминување превезен од Меѓународниот аеродром Скопје.

– Со „Луфтханза“ преку Франкфурт се поврзуваме со повеќе од 200 дестинации. Преку субвенцонирање на авиолинии овозможуваме раст на економијата и на авиосообраќајот, рече Ковачевски на прес-конференција во Владата.

Бочварски потенцираше дека се воведени нови дестинации за кои имало голем интерс од граѓаните.

– Има дополнителни средства да се објави нов повик кон крајот на годината со цел да се привлечат нови дестинации, најави Бочварски.

Министерството за транспорт и врски во својот буџет годинава има предвидено 1,1 милион евра за оваа намена, а вкупно пет милиони евра за тригодишната програма. (Крај)

извор: ТВ21 фото: архива

Post navigation

Previous Убавините на Македонија и Охрид се претставуваат на најпрестижниот туристички саем во Турција EMITT во Истанбул
Next Одличен настап на охридските стрелци на Mеѓународен турнир во Сараево

Слични вести

Здравје: Кој леб треба да го изберете ако имате висок крвен притисок? Здравје: Кој леб треба да го изберете ако имате висок крвен притисок?
1 min read

Здравје: Кој леб треба да го изберете ако имате висок крвен притисок?

Ракометниот првак во Европскиот Куп ќе се решава на охридски терен Ракометниот првак во Европскиот Куп ќе се решава на охридски терен

Ракометниот првак во Европскиот Куп ќе се решава на охридски терен

„Фчаршија фест 2026“ во четврток во Струга „Фчаршија фест 2026“ во четврток во Струга

„Фчаршија фест 2026“ во четврток во Струга

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.