Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43
Охрид, 19. април 2023 (ИНПРЕС) – Периодов се бележи речиси константен раст на нивото на водата во Охридското Езро, но и понатаму е под просечното за овој период од годината.
Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), водата е на кота од 693,32 м.н.в, што е за 25 сантиметри под просекот за април (693,57 м.н.в), односно 22 сантиметри над дозволениот минимум (693,10 м.н.в). Температурата на езерската вода е 10 степени и е за 0,3 степени пониска во однос на месечниот просек.

Последнава недела езерскиот водостој е покачен за два сантиметри, а од почетокот на месецов за три сантиметри.
Во Охрид денес променливо облачно време со сончеви периоди, попладне со локални врнежи од дожд, кои на места краткотрајно ќе бидат поројни и проследени со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до 14. степени.
– Во следните денови времето претпладне ќе биде претежно сончево, а попладне ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд кои на места ќе бидат поројни и проследени со појава на грмежи, информираат од УХМР. (Крај)
извор: ИнПрес фото: ИнПрес/УХМР
