Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Билетите за ракометниот Куп на Македонија во продажба од утре

Билетите за ракометниот Куп на Македонија во продажба од утре

1 min read

Охрид, 8. мај 2023 (ИНПРЕС) – Билетите за ракометниот Куп на Македонија, што од 11-ти до 13-ти мај ќе се одржи во спортската сала „Билјанини извори“ во Охрид, ќе бидат пуштени во продажба од утре.

Билети ќе се продаваат од 12:00 часот на билетарата на СРЦ „Билјанини Извори“ и во охридската чаршија, а ќе може да се купат до почетокот на натперварите.

Ќе се продаваат поединечни билети за полуфиналните пресметки во машка и женска конкуренција по цена од 100 денари. За финалето во двете конкуренции, билет ќе чини 200 денари. Постои можност да се купи и блок влезница за сите шест средби и ќе чини 600 денари.

Согласно ждрепката, Вардар ќе се обиде да го одбрани трофејот вкрстувајќи со Алкалоид, додека актуелниот лидер на првенството Еурофарм Пелистер ќе се сретне со Пролет. Во женска конкуренција ќе се сретнат ЖРК Вардар и Ѓорче Петров, а втората двојка ја сочинуваат бранителот на титулатра Металург и екипата на Куманово.

Полуфиналето кај мажите ќе се игра во четврток, 11-ти мај, додека кај жените на 12-ти мај.

Финалните натпревари ќе се одиграат в сабота, на 13-ти мај. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Спасовски: Преку активна соработка и заеднички стратегии против современите глобални предизвици
Next Вработените во ДИЦ го продолжуваат штрајкот, од МОН бараат да ги измени датумите за полагање на матурата

Слични вести

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.