Кон крај на месецов се очекува ублажување на состојбата со педијатри на Детското одделение во охридската болница

Кон крај на месецов се очекува ублажување на состојбата со педијатри на Детското одделение во охридската болница

Охрид, 11. мај 2023 (ИНПРЕС) – Кон крајот на месецов се очекува ублажување на состојбата со педијатри во Одделнието за детски болести при Општата болница во Охрид.

Од извори во болницата InPress дознава дека периодов се работи на комплетирање на трансферите на педијатри.

Детското одделение година и пол работи како дневна амбуланта. На неодамна одржаниот симпозиум на Македонското педијатриско респираторно здружение, од Здружението на педијатри потврдија дека дефицитот на доктори педијатри е најголем во југозападниот регион, но додаваат и дека расте интересот за специјализација на педијатрија, во моментов над стотина млади лекари се одлучиле за оваа гранка.

Оттаму изразија оптимизам дека во иднина овој горлив проблем ќе се надмине или во најмала рака ќе се ублажи.

Нема достапен опис

Од менаџментот на охридската болница неодамна потврдија дека е одблокирана сметката на установата и дека после подолг временски период се испратија 9 нови доктори на специјализација, меѓу кои и на педијатрија, со што се прави планско пополнување на одделенијата со дефицитарни специјалисти доктори, а тоа ќе продолжи и понатаму. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес