Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Во март во Охрид издадени се 12 одобренија за градба, планирана е изградба на 11 станови

Во март во Охрид издадени се 12 одобренија за градба, планирана е изградба на 11 станови


Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Охрид, 12. мај 2023 (ИНПРЕС) – Во месец март 2023 година во Охрид биле издадени 12 одобренија за градба, објави Државниот завод за статистика.

Од нив на 3 инвеститор е физичко лице, а на 9 правен субјект. Предвидена е градба на 11 станови, со вкупна корисна површина од 826 м². Во анализираниот период во општините Струга биле издадени 67 одобренија, во најголем број на физичи лица, додека во Дебрца не се издадени одобренија за градба.

Во февруари во Охрид беа издадени 13, додека во јануари 52 одобренија. Збирно во првиот квартал годинава во градов се издадени 77 дозволи.

На ниво на Македонија во март 2023 година издадени се 415 одобренија за градење. Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 220 се наменети за објекти од високоградба, 108 за објекти од нискоградба и 87 за објекти за реконструкција. Од вкупно 415 објекти, на 229 како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 186 инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 478 станови, со вкупна корисна површина од 53.346 м². (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Сојуз на средношколци: Барањата на вработените во ДИЦ се оправдани, но државна матура мора да има во предвидениот рок
Next Во среда аудиција за упис на ученици во ОМУ „Методи Патче“

Слични вести

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.