Редовно контролирајте го крвниот притисок, 17-ти мај Светски ден на хипертензија

Редовно контролирајте го крвниот притисок, 17-ти мај Светски ден на хипертензија

Охрид, 17. мај 2023 (ИНПРЕС) – Под мотото „Мерете го вашиот крвен притисок редовно, контролирате го, живејте подолго!, денес се одбележува Светскиот ден на хипертензијата.

Покачениот крвен притисок доведува до оштетување на низа органи и органски системи ( срце и крвни садови, мозочен удар, бубрези…) и е виновник на огромен број смртни случаи кои е возможно да се превенираат. За да не дојде до тоа потребно е подигање на свеста за потребата за редовно контролирање и третман на оваа болест, порачуваат од ЈЗУ Специјализирана болница за кардиоваскуларни заболувања-Охрид.

Се проценува дека 1,28 милијарди возрасни луѓе на возраст од 30-79 години во светот имаат хипертензија. 46% од возрасните со хипертензија не се свесни дека ја имаат оваа состојба, a само 42% ја држат оваа состојба под контрола.

Според податоците на СЗО, во 2020-та година, во Република Македонија починале 627 лица од хипертензија, односно 2,73% од вкупните смртни случаи. Стапката на смртност изнесува 19,07 на 100.000 жители.

– Ние како установа која најдиректно и секојдневно е вклучена во борбата со оваа болест се придружуваме во напорите за подигнување на свеста за огромната важност на адекватниот третман на оваа широко распространета болест.Покачениот крвен притисок доведува до оштетување на низа органи и органски системи ( срце и крвни садови, мозочен удар, бубрези…) и е виновник на огромен број смртни случаи кои е возможно да се превенираат. За тоа да се случи потребно е подигање на свеста за потребата за редовно контролирање и третман на оваа болест, информираат од болницата.

Нема достапен опис

Во превенција од висок крвен притисок може да помегне физичка активност, контрола на телесната тежина, консумирање повеќе овошје и зеленчук, избегнување солена и храна богата со масти и јаглехидрати, намалена консумација на алкохол, откажување од пушење.

Доколку имате веќе дијагностициран покачен крвен притисок, експертите препорачуваат да се применуваат здрави навики, редовно мерење на крвниот притисок, управување со стресот, редовно земање на антихипертензивна терапија, како и контрола и на другите болести.

Во насока на подигање на свесноста на граѓаните на општина Охрид за значењето на хипертензијата како еден од најзначајните ризик фактори кои го засегаат здравјето на луѓето, во периодот од 13:00 до 16:00 часот на Градскиот плоштад ќе се врашат бесплатни ЕКГ прегледи, мерење на крвен притисок, а ќе се дели и едукативен материјал. Настанот е во организација на „Крка фарма“ Скопје во соработка со Специјализираната болница за кардиоваскуларни заболувања од Охрид, Специјализираната болница за нефрологија Струга, Здружението за мозочен удар од Охрид и Црвен крст Охрид. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива