Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Ќе се маркираат сите подземни хидранти во Охрид, особено во Стар град

Ќе се маркираат сите подземни хидранти во Охрид, особено во Стар град

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Охрид, 19. мај 2023 (ИНПРЕС) – Охридската Територијална противпожарна единица ќе спроведе акција за комплетно маркирање на сите подземни хидранти во Охрид, особено во Стар град.

Како што наближува летната сезона се актуелизира прашањето за состојбата на градската хидрантската мрежа. Командирот на охридската противпожарна единица Борко Јанкулоски за Супер радио и InPress вели дека ќе се направат напори подземните хидранти да се извадат надвор.

– Знаеме дека хидрантската мрежа во нашиот град е во катастрофална состојба, особено во стариот дел на градот, како Територијална противпожарна единица ќе направиме акција комплетно да ги маркираме сите подземни хидранти, особено во Стар град со цел, доколку успееме, истите да се извадат надвор, да бидат надземни. Како подземни не ни користат бидејќи над нив се паркираат и возила, потенцира Јанкулоски.

Справувањето со евентуална огнена стихија во стариот дел на градот е рак рана годиниве наназад. Има делови кои се речиси недостапни за поголеми противпожарни возила, а проблем претставуваат и автомобилите кои граѓаните ги оставаат на улица, како и збиениот тип на куќи.

Покрај ова, командирот Јанкулоски вели дека мора надлежните и сите засегнати страни да размислуваат, да се направат напори да се обезбеди пловен објект за интервенции на пожари од вода, што ќе го направи пристапот побрз и поефикасен, особено за делот кон Трпејца или Св. Наум. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous После повеќе од два месеци почна полагањето возачки испит за кандидатите од Охрид и регионот
Next На звуците од операта „Лилјакот“ охридските матуранти ја одиграа матурската парада (Фото/Видео)

Слични вести

Мултикултурен настан и отворен ден утре во охридската гимназија Мултикултурен настан и отворен ден утре во охридската гимназија
1 min read

Мултикултурен настан и отворен ден утре во охридската гимназија

Дел од централното градско подрачје денеска без вода поради сервисирање на мрежата Дел од централното градско подрачје денеска без вода поради сервисирање на мрежата

Дел од централното градско подрачје денеска без вода поради сервисирање на мрежата

1100 деца од 5 држави учествуваа на 15. пролетно издание на детскиот турнир во фудбал „Фер Плеј куп“ 1100 деца од 5 држави учествуваа на 15. пролетно издание на детскиот турнир во фудбал „Фер Плеј куп“
1 min read

1100 деца од 5 држави учествуваа на 15. пролетно издание на детскиот турнир во фудбал „Фер Плеј куп“

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.