Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Под мотото „Писмото е нашиот универзум“ во Охрид ќе биде одбележан Денот на сесловенските просветители, светите Кирил и Методиј

Под мотото „Писмото е нашиот универзум“ во Охрид ќе биде одбележан Денот на сесловенските просветители, светите Кирил и Методиј


Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Охрид, 23. мај 2023 (ИНПРЕС) – Под мотото „Писмото е нашиот универзум“,Владата на Република Македонија организира свечено одбележување на Денот на сесловенските просветители, светите Кирил и Методиј,преку низа настани што денес и утре ќе се одржат во Охрид, центарот на христијанството и просветителството.

– Ги празнуваме ликот и делото на основоположниците на словенската писменост, Кирил и Методиј и нивната непроценлива хуманистичка и космополитска мисија. Овој голем ден се одбележува и слави повеќе од век и половина во словенскиот свет како ден на културата и просветата, соопштија од Владата.

Свеченостите почнуваат вечерва од 20:00 часот во црквата Св.Софија, каде концерт ќе одржи гудачкиот ансамбл „Антео“. Утре во 10:00 часот ќе се одржи панел дискусија на тема „Македонскиот јазик во словенскиот свет“, по што следува во 11:30 часот ќе биде положено цвеќе на споменикот на светите Кирил и Методиј во градскиот парк.

Централната свеченост ќе биде утре напладне на Плаошник, каде ќе се обрати премиерот Димитар Ковачески.

Можно е да е слика од 1 лице

– Нивното дело живее и денес. Македонскиот стандарден јазик, нашиот официјален јазик, денес е целосно заштитен, признат и е рамноправно прифатен меѓу официјалните јазици и во ОН и во Европската Унија и како таков тој е признат и почитуван во светот, на што сме особено горди. Денес, како резултат на тешките, но храбри одлуки кои ги донесовме, вратите се ширум отворени и за активна промоција, но и за развој на македонскиот јазик и култура, напиша на Фејсбук премиерот Ковачевски.

Годинава се одбележуваат 1160 години од словенската писменост како општословенски празник во чест на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Легендите на Црвена ѕвезда в четврок на гости на ГФК Охрид
Next Проекции на анимираниот филм од „Светот на Биби“ – „Пролетна магија“ и во Охрид

Слични вести

Алачкоска за InPress и Супер радио: Преку цртежите успевам да забележам многу повеќе детали што обично остануваат незабележани Алачкоска за InPress и Супер радио: Преку цртежите успевам да забележам многу повеќе детали што обично остануваат незабележани
1 min read

Алачкоска за InPress и Супер радио: Преку цртежите успевам да забележам многу повеќе детали што обично остануваат незабележани

Пајак има нов хит заедно со Јован Јованов и Елвир Мекиќ насловен „Делириум“ Пајак има нов хит заедно со Јован Јованов и Елвир Мекиќ насловен „Делириум“
1 min read

Пајак има нов хит заедно со Јован Јованов и Елвир Мекиќ насловен „Делириум“

Охридскиот гимназијалец Мартин Мацкоски со награда на ДАФ 2026 за улогата во претставата „Перфектни странци“ Охридскиот гимназијалец Мартин Мацкоски со награда на ДАФ 2026 за улогата во претставата „Перфектни странци“
1 min read

Охридскиот гимназијалец Мартин Мацкоски со награда на ДАФ 2026 за улогата во претставата „Перфектни странци“

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.