Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Почнува летниот распуст и за основците

Почнува летниот распуст и за основците

1 min read
Почнува летниот распуст и за основците

Охрид, 14. јуни 2023 (ИНПРЕС) – Од денес започнува летниот распуст и за учениците од основните учлишта.

Основците имаа плус три работни дена за разлика од средношколците кои учебната година ја завршија на 9-ти јуни. Пролонгирањето се случи поради продолжениот зимски распуст и стартот на второто полугодие на 23-ти наместо на 18-ти јануари.

Она што ја одбележа оваа учебна година беше недостатокот на учебници, справувањето со енергетската криза и дојавите за поставени бомби, за среќа лажни.

Во пресрет на уписите во средните училишта, инистерот за образование Јетон Шаќири, упати апел до деветтоодделенците да се фокусираат на средното стручно образование, посочувајќи дека со ваква диплома полесно ќе може да се вработат, но и ќе имаат добра основа за понатамошно академско образование.

Матурантите, пак, имаат за полагање уште два предмети од државната матура. Првиот испит е утре, а последниот на 21-ви јуни. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Прекин во водоснабдувањето на потегот од ЕВН до Пожарна
Next Членовите на студиото за танц „Соната“ се враќаат на сцена, утревечер одржуваат годишен концерт

Слични вести

МТТФ успеа да стигне до три борби за медал на Европското Таеквондо ИТФ првенство во Грција МТТФ успеа да стигне до три борби за медал на Европското Таеквондо ИТФ првенство во Грција
1 min read

МТТФ успеа да стигне до три борби за медал на Европското Таеквондо ИТФ првенство во Грција

Здравје: Овесно или бадемово млеко – кое е подобро за вашето здравје? Здравје: Овесно или бадемово млеко – кое е подобро за вашето здравје?
1 min read

Здравје: Овесно или бадемово млеко – кое е подобро за вашето здравје?

Прв детски фудбалски турнир „Св.Троица“ на крајот на мај во Охрид Прв детски фудбалски турнир „Св.Троица“ на крајот на мај во Охрид

Прв детски фудбалски турнир „Св.Троица“ на крајот на мај во Охрид

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.