Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Претставата на македонски знаковен јазик „Улаф сте?/Are you crazy?“ синоќа пред стружани

Претставата на македонски знаковен јазик „Улаф сте?/Are you crazy?“ синоќа пред стружани

1 min read
Претставата на македонски знаковен јазик „Улаф сте?/Are you crazy? синоќа пред стружани

Струга, 28. јуни 2023 (ИНПРЕС) – Во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга, синоќа се одигра првата професионална претстава на македонски знаковен јазик за возрасни лица со оштетен слух и на говорен македонски јазик „Улаф сте?/Are you crazy?“

– Благодарност до актерите и за целата екипа. Приказната се раскажува низ призма на глувонемата заедница, во која актерите во име на глувите лица без цензура ги раскажуваат сите општествени неправди кон оваа ранлива заедница. Продукцијата на претставата е на АТО, порачаа од Центарот на култура „Браќа Миладиновци“ во Струга.

Претставата ги обработува проблемите на младите и фактот дека населението се иселува од државата. Авто-цензура која е присутна од стравот да се кажат јасно и гласно општествените проблеми. Приказната се раскажува низ призма на глувонемата заедница, во која актерите во име на глувите лица ги раскажуваат сите општествени неправди кон оваа ранлива заедница. Во п ретставата играат: Наталија Ристеска, Кристијан Танчевски, Марија Стефановска, Маја Андоновска Илијевски, Сандра Грибовска и Никола Пројчевски.

Автор и режија е Јован Ристовски, костимограф Марта Дојчиновска, а толкувач на знаковен јазик е Катерина Шаркоска асс. Елизабета Георгиева. Соработник за знаковен јазик Мартин Ангелов.

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous SUPER Fresh music: Sophie And the Giants & Purple Disco Machine – Paradise
Next Новинарка на Светскиот сервис на BBC го прогласи Охрид за апсолутно ужасно место!

Слични вести

Нивото на Охридското Езеро за 8 сантиметри над јунскиот просек Нивото на Охридското Езеро за 8 сантиметри над јунскиот просек
1 min read

Нивото на Охридското Езеро за 8 сантиметри над јунскиот просек

Охриѓаните Александар Гавриловски и Гала Булатовиќ освоија прва награда на International youth music competitions во САД, во септември ќе настапат во Њујорк Охриѓаните Александар Гавриловски и Гала Булатовиќ освоија прва награда на International youth music competitions во САД, во септември ќе настапат во Њујорк
1 min read

Охриѓаните Александар Гавриловски и Гала Булатовиќ освоија прва награда на International youth music competitions во САД, во септември ќе настапат во Њујорк

Атлетичарот Јован Стојоски со нов државен рекорд на 400 метри со пречки Атлетичарот Јован Стојоски со нов државен рекорд на 400 метри со пречки

Атлетичарот Јован Стојоски со нов државен рекорд на 400 метри со пречки

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.