Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Охридските полуматуранти со поголем интерес за стручните училишта, одредени струки се веќе пополнети

Охридските полуматуранти со поголем интерес за стручните училишта, одредени струки се веќе пополнети

1 min read

Охрид, 7. јули 2023 (ИНПРЕС) – Охридските полуматуранти и годинава позаинтересирани школувањето да го продолжат во стручните училишта отколку во гимназија.

По првото и второто пријавување во трите општински средношколски центри се запишани вкупно 449 ученици.

Сликата од лани почна да се менува, па најмногу деветтоодделенци има запишано во електромашинскиот училишен центар и економското училиште.

Од Општина Охрид за Супер радио и InPress информираа дека во прва година во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ досега се запишани 207 ученици, во СОСУ „Св.Кирил и Методиј“ – 151 и во гимназијата „Св. Климент Охридски“ – 91.

На 14-ти и 15-ти јуни прво пријавување за упис во прва година, во охридските средни училишта има место за 912 полуматуранти

Во Регионалниот центар за стручно образование и обука „Ванчо Питошески“ по двете пријавувања во јунскиот рок запишани се 61 ученик.

ОУТУ „Ванчо Питошески“ ќе ги отвори вратите за 306 полуматуранти

Местата во некои струки во стручното образование се веќе пополнети. Во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ конкурсот е завршен за образовниот профил техничар за индустриска мехатроника на македонски наставен јазик, а во СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ местата се исцрпени за образовниот профил техничар за е – трговија и дигитален маркетинг на македонски наставен јазик.

На државно ниво во двете пријавувањa вкупно се запишаа 15.481 ученици од кои: 4.603 ученици во гимназиско образование, 10.277 ученици во стручно образование, 187 во уметничко и 414 ученици во спортска гимназија.

Учениците кои се упатени на поправни испити, испит на година, испити за побрзо напредување, може да се запишат во училиштата во кои има слободни места после јунскиот рок.

Пријавување на учениците ќе се врши на 21-ви август до 24:00 часот. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Сообраќајна незгода кај Рача, повредени четири лица
Next Реконструкција на дрвениот мост во Струга

Слични вести

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.