Приштина, 31. октомври 2014 (ИНПРЕС) – Косовската полиција вчера во регионот на Митровица запрела најмалку тројца косовски џихадисти, поради сомневања дека планирале напад на база на КФОР, пишуваат косовските медиуми.
Весникот “Експрес” објави дека апсењата биле извршени по информации на косовските тајни служби, кои биле испратени и до КФОР. Медиумите забележуваат дека станува збор за ветерани од војните во Сирија и Ирак и членови на терористичката организација “Фронт Ал Нусра” и Исламска држава.
Поради сомнение за поттикнување, регрутирање и испраќање на лица во борбите во Сирија и Ирак косовската полиција уапси и 12 имами, за кои првично се предвидуваше лишување од слобода, но дел од нив подоцна беа ставени во домашен притвор. (Крај)
извор: БГнес фото: архива
