Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Од ЦЈЗ Охрид со информација за достапноста и термините на микробиолошките услуги и прегледи

Од ЦЈЗ Охрид со информација за достапноста и термините на микробиолошките услуги и прегледи

1 min read
Од ЦЈЗ Охрид со информација за достапноста и термините на микробиолошките услуги и прегледи

Охрид, 10. јули 2023 (ИНПРЕС) – Од охридскиот Центар за јавно здравје (ЦЈЗ) со информација до сите пациенти, корисници на нивните услуги и матичните лекари за достапноста и термините на микробиолошките услуги и прегледи.

– Постојано го унапредуваме стручниот и професионален однос на персоналот во Центар за јавно здравје Охрид и ја прилагодуваме достапноста на нашите услуги до потребите на нашите корисници. Токму затоа, во летниот период, почнувајќи од денес, 10-ти јули, па се’ до 31-ви август 2023 година, микробиолошките услуги и услугите за здравствено хигиенски прегледи (санитарни книшки) ќе бидат достапни секој работен ден од 06:30 до 15:00 часот. Секоја сабота, од 08:00 до 12:00 часот вработените во микробиолошката лабораторија на Центар за јавно здравје Охрид ќе бидат на располагање за потребите на пациентите за микробиолошки анализи на хуман материјал. Посветено и креативно се грижиме и за Вашето добро расположение при посетата на нашата установа, каде во пријатен амбиент, во секое време можете да вкусите ладен сок, кафе, топол чај, кекси. Со посебен пристап, бројни интересни содржини и изненадувања се грижиме и за нашите најмлади пациенти, дечињата, да се чувствуваат пријатно и заборават на стравот при вршењето на медицинските третмани во нашата установа, информираат од Центар за јавно здравје Охрид.

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Свети Сампсон Странопримец
Next Започнува „Летната пливачка школа 2023“ на „Акваспирит“

Слични вести

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.