Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Формирана стручна комисија што го утврдува предлогот на листата на лекови на товар на Фондот

Формирана стручна комисија што го утврдува предлогот на листата на лекови на товар на Фондот

1 min read

Скопје, 1. август 2023 (ИНПРЕС) – Донесен е новиот Правилник за ставање лекови на позитивна листа, кој се базира на европските пракси во оваа област вклучувајќи ги тука и посебните договори што ќе овозможат достапност на иновативни лекови за нашите пациенти.

Формирана е стручната комисија која го утврдува предлогот на листата на лекови на товар на Фондот за здравство осигурување, информираше денеска на прес-конференција министерот за здравство Фатмир Меџити.

Оваа комисија, наведе министерот, континуирано ќе работи на изменување и дополнување на Позитивната листа на лекови и верувам дека конечно после долг период ќе воспоставиме функционален систем со цел задоволување на потребите на пациентите со соодветни терапии.

Комисијата е составена од експерти во оваа област, односно претставници од Министерството за здравство, Фондот за здравствено осигурување, Агенцијата за лекови и медицински средства, Институтот за претклиничка и клиничка фармакологија со токсикологија, како и од универзитетските клиники, кои се доктори-специјалисти од различни области на медицината и фармацијата, појасни министерот.

Нема достапен опис.

Верува дека фармацевтските компании веќе ја подготвуваат потребната документација за да одговорат на барањата на Правилникот и дека во блиска иднина ќе пристигнат и првите апликации.

– Грижата за пациентите е наш стратешки приоритет и во таа насока Министерството за здравство континуирано работи на надградување на прописите со кои се уредува областа на лековите, нагласи министерот.

Претседателот на стручната комисија, професор доктор Љубица Шутуркова изјави дека после 13 години повторно се има можност да се ревидира листата и се надева оти ќе имаме поголема достапност во ограничените македонски ресурси за здравство што ги имаме. (Крај)

извор: Опсервер фото: архива

Post navigation

Previous Студентите од денес може да аплицираат на повикот за субвенциониран студентски оброк
Next Изложба на дела на мали уметници од летната сликарска школа „Пробај уметност“

Слични вести

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.