Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Рокот за аплицирање за студентски оброк истекува утре

Рокот за аплицирање за студентски оброк истекува утре

1 min read

Скопје/Охрид, 9. август 2023 (ИНПРЕС) – Рокот за аплицирање за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2023/2024 година, за тековните студенти, истекува утре. Пријавувањето  е преку порталот https://e-uslugi.mon.gov.mk/

– По завршување на рокот за пријавување, кандидатите кои ги исполниле условите ќе бидат известени за тоа преку порталот каде ја поднеле својата апликација. Потоа, од страна на Шпаркасе банка со која Министерството за образование и наука склучи нефинансиски договор за реализација на мерката – субвенциониран студентски оброк, ќе бидат повикани во некоја од филијалите за да склучат договор за отворање на посебна сметка, поврзана со наменска платежна картичка преку која единствено ќе можат да ги користат средствата, соопштија од министерството.

Аплицирањето за кандидатите кои ќе се стекнат со статус на студенти во академската 2023/2024 година и кои не го запишале летниот семестар ќе трае од 1-ви до 7-ми октомври. Понатаму, можноста за аплицирање ќе биде отворена од 1-ви до 7-ми секој нареден месец, за студентите кои претходно не го оствариле правото поради било каква причина. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Иван Антоновски е годинашниот добитник на наградата за најдобар расказ „Живко Чинго“
Next Крводарителска акција за празникот Св. Климент во ООУ „Св. Климент Охридски“ во Охрид

Слични вести

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.