Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Започнува првото издание на Ohrid Water Festival

Започнува првото издание на Ohrid Water Festival

1 min read

Охрид, 19. август 2023 (ИНПРЕС) – Со пливачки митинг и Меѓународна охридска веслачка регата денеска започнува Ohrid Water Festival.

Организатор на митингот е пливачкиот клуб „Акваспирит“, а ќе се одржи на базенот „Атина Бојаџи“. Пријавени се над 150 пливачи, од 15 клубови и школи. Натпреварувањето е поделено во два дела и тоа утрински 08:00 до 12:00 и попладневен од 16:00 до 19:00 часот. Меѓународната охридска веслачка регата е во организација на Веслачкиот клуб „Горица Ремо“, а ќе се одржи на плажата Горица 1 (Кј Дивоно) од 08:00 часот.

Програмата во рамки на деветте фестивалски денови сé до 27-ми август, опфаќа 17 спортски настани, надополнета со голем број социјално-забавни настани. Ќе има кајакарска и едриличарска регата, триатлон, водени лудории, трка со СУП даски. Фестивалот ќе биде заокружен со акватлон и регата со традиционални кајчиња.

Забавниот дел на фестивалот ќе стартува во понеделник, на 21-ви август со концерт на Ѓоко Танески, а ќе финишира на 27-ми август со концерт на Камерниот битолски оркестар „Рок Симфонија“.

Фестивалот има неколку цели, а трите главни се промоција и развој на водените спортови, заштита на Охридското Езеро и негова промоција, како и збогатување на туристичката понуда. Централен настан ќе биде традиционалниот Охридски пливачки маратон.

Ohrid water festival како спортско туристички производ е поделен во два дела, спортски и социјално едукативен дел што ќе се случува во вечерните часови, ќе има концерти, забава со Dj-и, панел дискусии, изложби, промоција на храна и пијалоци автентични за охридскиот регион.

– Низ заедничка соработка, конечно успеавме од зборови да преминеме на дела и нашите идеи да ги претвориме во реалност. Се работи за една нова спортска приказна која е симбол на неизмерната љубов кон нашето уникатно Охридско Езеро испреплетена со нашата голема желба за поголем развој и популаризација на водените спортови. Манифестацијата вклучува натпревари и активности на вода и има за цел да допре до најмладата популација и да им ги промовира сите позитивни аспекти на водените спортови и да придонесе за зголемување на интересот и свеста за здрав начин на живот, подвлече градоначалникот Кирил Пецаков на неодамнешната прес конференција.

На официјалната веб страна на фестивалот ohridwaterfestival.mk може да се најде комплетната фестивалска програма.

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Вечерва #ОставиTрага во Охрид: Дојди и раскажи ја твојата приказна
Next Пливачки митинг на Градскиот базен „Атина Бојаџи“

Слични вести

Здравје: Вклучете четири намирници во вашата исхрана за поздрави црева Здравје: Вклучете четири намирници во вашата исхрана за поздрави црева
1 min read

Здравје: Вклучете четири намирници во вашата исхрана за поздрави црева

Здравје: Нова студија открива што му прави на мозокот една непроспиена ноќ Здравје: Нова студија открива што му прави на мозокот една непроспиена ноќ
1 min read

Здравје: Нова студија открива што му прави на мозокот една непроспиена ноќ

Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид

Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.