Охрид, 21. август 2023 (ИНПРЕС) – Во Охрид денес сончево и многу топло време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен и североисточен правец.
UV индексот ќе биде 8, а максималната температура ќе се искачи до 33. степени.
– Во текот на работнава седмица времето ќе биде многу топло, а дневната температура на повеќе места ќе надминува 35 степени. Насекаде ќе биде активирано жолто, а во некои делови и портокалово ниво на опасност од висока температура. Од четврток ќе се зголемат условите за попладневна нестабилност со локален пороен дожд и грмежи, информираат од УХМР.
извор: УХМР фото: ИнПрес

