Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Вечерва ќе бидат претставени учесниците на 36. Охридски пливачки маратон

Вечерва ќе бидат претставени учесниците на 36. Охридски пливачки маратон

1 min read

Охрид, 24. август 2023 (ИНПРЕС) – Вечерва од 20:00 часот на платото пред хотелот „Палас“ ќе бидат претставени учесниците на 36. Охридски пливачки маратон, што ќе се одржи во сабота.

Покрај претставувањето, ќе бидат доделени и три награди, наградата за посебни заслуги „Климе Савин“ и уште две за поддршка на маратонското пливање.

Пливачкиот маратон ќе се одржи на патека на Охридското Езеро со старт од месноста Св.Наум, а цел на Градското пристаниште во Охрид, во должина од 25 км.

Охридскиот пливачки маратон е во техничка организација на Клубот за спортови на вода „Охридски Бранови 2008“, а покровител и поддржувач на настанот е Општина Охрид, Агенцијата за млади и спорт и Националната пливачка федерација.

Годинава Охридскиот пливачки маратон е централен настан на првото издание на фестивалот на водени спортови Ohrid water festival.

Па, согласно фестивалската програма, покрак претставување на пливачите, од 19:00 часот на истата локација ќе се одржат и две изложби – Историја на победниците на маратонското пливање и почетоците на веслањето во Охрид. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Со палење на фестивалскиот оган и читање на „Т’га за југ“ вечерва почнуваат Струшките вечери на поезијата
Next Во Охрид денес сончево и многу топло време со температура до 31. степени

Слични вести

Нивото на Охридското Езеро за 8 сантиметри над јунскиот просек Нивото на Охридското Езеро за 8 сантиметри над јунскиот просек
1 min read

Нивото на Охридското Езеро за 8 сантиметри над јунскиот просек

Охриѓаните Александар Гавриловски и Гала Булатовиќ освоија прва награда на International youth music competitions во САД, во септември ќе настапат во Њујорк Охриѓаните Александар Гавриловски и Гала Булатовиќ освоија прва награда на International youth music competitions во САД, во септември ќе настапат во Њујорк
1 min read

Охриѓаните Александар Гавриловски и Гала Булатовиќ освоија прва награда на International youth music competitions во САД, во септември ќе настапат во Њујорк

Атлетичарот Јован Стојоски со нов државен рекорд на 400 метри со пречки Атлетичарот Јован Стојоски со нов државен рекорд на 400 метри со пречки

Атлетичарот Јован Стојоски со нов државен рекорд на 400 метри со пречки

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.