Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Свечено отворенo 62. издание на фестивалот „Струшки вечери на поезијата“

Свечено отворенo 62. издание на фестивалот „Струшки вечери на поезијата“

1 min read

Струга, 25. август 2023 (ИНПРЕС) – Со музичко перформанс во изведба на култниот македонски музичар Џијан Емин, традиционалното палење на поетскиот оган и спектакуларен огномет вечерва свечено се отвори 62. издание на фестивалот „Струшки вечери на поезијата“.

Манифестацијата се одржа на платото пред Домот за култура „Браќа Миладиновци“ во присуство на бројни странски и домашни поети, како и на владини претставници и љубители на пишаниот збор.

Поетската порака ја испрати македонскиот поет Милован Стефановски, која потенцираше дека Струга е светска престолнина на поезијата.

– Ако само за миг замислиме, а имагинацијата е непрегледно бескраен небесен океан, дека е можно овде, во една ваква августовска вечер, одеднаш да бидат присутни сите што доаѓале во изминатата повеќе од шестдецениска традиција на СВП, сигурно дека би добиле население колку за уште една Струга. Би добиле неверојатно преклопување на стапките по тротоарите и патеките од двете страни на Дрим на многу познати и признати светски поетски имиња и стожерни великани (Рафаел Алберти, Лу Јуан, Андреј Вознесенски, Ежен Гилвик). Нивните стапки се преклопуваат со стапките на нашите македонски поетски гордости (Блаже Конески, Ацо Шопов, Матеја Матевски, Анте Поповски), но и на поетските перјаници на блиските соседни народи (Десанка Максимовиќ, Фатос Арапи, Љубомир Левчев, Јанис Рицос). Тоа е една само навидум невидлива, но живо присутна мрежа со поетска плетка што ја варди Струга и во исто време во нераскинлива традиција ги поврзува поетите со сите вљубеници и поклоници на убавиот поетски збор. Таа поетска плетка како во огледало има одраз на ѕвезденото небо над Струга, истакна Стефановски.

Министерката за култура Бисера Костадиновска – Стојчевска им посака добредојде на сите гости на фестивалот, потенцирајќи, со зборовите на Влада Урошевиќ, дека можеби поезијата нема да го спаси светот, но е убаво додека ја има.

Вечерта продолжи со поетското читање Меридијани, на кое настапија повеќмина автори од земјава и од странство.

Во следните фестивалски дена на „Струшките вечери на поезијата“ ќе можат да се чујат околу 25 поети од странство и 40-тина од државата. Манифестацијата, која ќе трае до 28-ми август, се одржува под мотото „Чувствотворен јазик“.

Во текот на денешниот ден поетите ќе го посетат манастирскиот комплекс во Калишта, каде што ќе се одржат повеќе читања, а во текот на денот ќе бидат промовирани и неколку поети од „Версополис“, како и антологијата „Меѓу дрвјата (флората и фауната)“ и Антологијата на најмладата македонска поезија. Ќе бидат презентирани и портретите на добитниците на наградите „Мостови на Струга“ и „Браќа Миладиновци“.

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Научна и уметничка визита 2023: Денеска промоција на изданието на Прилози посветено на академик Алајдин Абази
Next Селото Скребатно се подготвува за прославување на празникот Успение на Пресвета Богородица

Слични вести

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.