Гостивар, 1. септември 2023 (ИНПРЕС) – Автобус што утринава сообраќал на релација Скопје – Охрид, се запалил на околу три колометри од превојот Стража.
Во сообраќајната несреќа нема повредени патници, потврдија од Министерството за внатрешни работи (МВР).
– Денеска, во 11:20 часот во СВР Тетово е пријавено дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево, на околу три километри пред месноста „Стража“, настанал пожар во автобус кој се движел кон Кичево. На посоченото место веднаш се испратени полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Гостивар и екипа од гостиварската Територијална противпожарна единица. Нема повредени лица,наведуваат од МВР. (Крај)
извор: Телма/ИнПрес фото: ИнПрес