Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • 22 години од терористичките напади во САД

22 години од терористичките напади во САД

1 min read

Њујорк, 11. септември 2023 (ИНПРЕС) – Во САД денеска се одбележуваат 22 години од терористичките напади, кои на 11-ти септември 2001 година го шокираа целиот свет.

Во нападите загинаа вкупно 2.998 лица, од кои 2.603 во Светскиот трговски центар, 246 патници во киднапираните авиони, 125 во Пентагон и уште 24 лица се водат како исчезнати. Во овој збир не се вклучени и загинатите 19 терористи.

Нападите во 2001 година ги извршија припадници на терористичката група Ал Каеда, а тој трагичен настан го означи почетокот на американската и западната глобална кампања против тероризмот, која резултираше со војните во Авганистан и во Ирак, со отворање на затворот во Гвантанамо, јакнење на безбедносите мерки и агенции на сметка на човековите права, со зголемување на воениот буџет.

Во САД одбележувањето на годишнините традиционално се одржува во Националниот меморијален центар, кој се наоѓа на местото на некогашниот Светски трговски центар, каде се урнати кулите близначки.

На 11-ти септември 2001 година два киднапирани авиона ги урнаа кулите близначки по што следеше удар на третиот авион врз зградата на Пентагон во Вашингтон. На крајот е соборен авион во Пенсилванија.
Првиот авион на „Американ ерлајнс“ во 08:46 часот по локално време удри во северната кула на Светскиот трговски центар во Њујорк, а 17 минути подоцна вториот киднапиран авион на компанијата „Јунајтед ерлајнс“ удри во јужната кула, додека третиот го погоди седиштето на Пентагон.

Од кулите-близначки во Њујорк само 20 луѓе, кои биле на катовите над местото на нападот успеале безбедно да ја напуштат зградата пред да се урнат. Меѓу жртвите имало 371 странец, а 343 пожарникари загинаа во падот на кулите-близначки додека се обидувале да им помогнат на повредените да ги напуштат зградите.

Нападите на 11-ти септември 2001 година се еден од настаните во 21. век, кој предизвика бројни економски, социјални, културни и други последици во САД и други делови од светот.

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Отсекување на главата на Св. Јован Крстител
Next Денеска ќе се одржи 32. седница на Советот на Општина Охрид

Слични вести

Здравје: Вклучете четири намирници во вашата исхрана за поздрави црева Здравје: Вклучете четири намирници во вашата исхрана за поздрави црева
1 min read

Здравје: Вклучете четири намирници во вашата исхрана за поздрави црева

Здравје: Нова студија открива што му прави на мозокот една непроспиена ноќ Здравје: Нова студија открива што му прави на мозокот една непроспиена ноќ
1 min read

Здравје: Нова студија открива што му прави на мозокот една непроспиена ноќ

Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид

Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.