Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Светски ден на Прва помош: „Прва помош достапна за сите! Прва помош во дигиталниот свет“

Светски ден на Прва помош: „Прва помош достапна за сите! Прва помош во дигиталниот свет“

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Охрид, 14. септември 2023 (ИНПРЕС) – Од охридскиот Црвен крст информираат дека како едно од своите приоритетни заложби го има ширењето на знаењата и вештините за укажување на прва помош со цел тие да бидат достапни за сите, како хуманитарен акт кој ги овластува луѓето да спасуваат животи и да помогнат во закрепнување од нагло настанати заболувања или повреди.

Првата помош претставува витална иницијална интервенција која помага во намалување на повредите и зголемување на шансите за преживување во настанатата ситуација во која животот на поединецот или група на луѓе е во опасност. Секоја година на милиони луѓе им е нанесена повреда или им е одземен животот поради несоодветен одговор или недостаток на навремено укажана прва помош. Ситуацијата би можела значително да се промени доколку повеќе луѓе се свесни за значењето и правилно се обучени за укажување на прва помош. Поседувањето на вештини за укажување на прва помош ги зголемува индивидуалните капацитите на секој човек за преземеање на брза акција со цел намалување или стабилизирање на сериозни повреди и ги зголемува шансите за преживување на повредениот.

– И оваа година со посебно внимание се фокусираме на одбележувањето на овогодинешниот Светски Ден за Прва помош, ден за промовирање на знаењата и вештините за првата помош, за придонес во промените за проширување и подобрување на обуките за првата помош како хуманитарен чин и клучна компонента за еден посовремен и поширок пристап. Темата на овогодинешниот Светскиот ден за Прва помош е „Прва помош достапна за сите! Прва помош во дигиталниот свет“. Во тие рамки Црвен крст Охрид ќе го одбележи Светскиот ден на првата помош во петок, на 15-ти септември 2023 година на платото пред Центарот за култура „Григор Прличев“, каде во периодот од 11:00 до 13:00 часот тимовите за прва помош на Црвен крст Охрид ќе презентираат знаења и техники за укажување прва помош при различни повреди. На овој ден својата хуманост ќе можат да ја искажат и сите наши сограѓани кои имаат желба и потреба да даруваат крв на крводарителската акција која во организација на Црвен крст Охрид ќе се одвива во Центарот за култура „Григор Прличев“ во периодот од 10:00 до 14:00 часот под мотото „Дајте крв! Разубавете го денот себе си и на другите!“, информираат од Црвен крст Охрид.

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Меѓународна конференција во областа на специјалната едукација и рехабилитација во Охрид
Next Од Билтенот на СВР Охрид: Холандски државјанин пронајден починат во Трпејца, физички нападнат охриѓанец, бесправно градење…

Слични вести

Здравје: Колку се здрави протеинските прашоци? Здравје: Колку се здрави протеинските прашоци?
1 min read

Здравје: Колку се здрави протеинските прашоци?

Голабоска за InPress и Супер радио: Љубовта кон филмот се развиваше во втор план, театарот ми помогна во работата со актерите и градењето на улогите Голабоска за InPress и Супер радио: Љубовта кон филмот се развиваше во втор план, театарот ми помогна во работата со актерите и градењето на улогите
1 min read

Голабоска за InPress и Супер радио: Љубовта кон филмот се развиваше во втор план, театарот ми помогна во работата со актерите и градењето на улогите

„Заборави“ – нова љубовна балада на Мими Јовановска „Заборави“ – нова љубовна балада на Мими Јовановска
1 min read

„Заборави“ – нова љубовна балада на Мими Јовановска

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.