Охрид, 14. септември 2023 (ИНПРЕС) – На 13-ти септември 2023 година, во 05:50 часот во СВР Охрид е пријавено дека во куќа во охридското село Трпејца, во која престојувал, бил пронајдено починато 58-годишно лице од Холандија.
Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител и согласност на член на неговото семејство, телото било предадено на погребално претпријатие.
извор: ИнПрес фото: архива