Охрид, 15. септември 2023 (ИНПРЕС) – На платото пред НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид, вечерва, со почеток во 19:00 часот ќе се одржи 25. издание на „Охридски староградски средби“.
„Охридски староградски средби“ е фестивал во организација на Националната установа Центар за култура „Григор Прличев“ од Охрид кој ги афирмира вредностите на староградскиот мелос и ги обновува по долгогодишна пауза старите добри градски музички традиции.
– Програмски квалитет што значи вредносно продолжување на традициите што датираат од пред неколку века. Придонес во незаборавот на старите, автетнични песни, навраќање во богатата градска ризница на традициите од минатите векови, информираат организаторите.
извор: ИнПрес фото: архива