Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Охридскиот Црвен крст со бесплатни обуки по прва помош за околу 500 ученици и наставниот кадар

Охридскиот Црвен крст со бесплатни обуки по прва помош за околу 500 ученици и наставниот кадар

1 min read

Охрид, 13. октомври 2023 (ИНПРЕС) – Во рамки на националната кампања на Црвен крст на РМ под мотото „Првата помош спасува живот“ Црвен крст Охрид, оваа година се вклучува со спроведување на кампања по прва помош во училиштата.

Во период од 1-ви септември годинава до 15-ти февуари следната година ќе се спроведат бесплатни обуки по прва помош за околу 500 ученици на возраст од 12 до 18 години од сите основни и средните училишта на територијата на Општинa Охрид и Општина Дебрца, како и бесплатни обуки за наставен кадар. Обуките ќе ги спроведуваат лиценцирани предавачи и демонстратори по прва помош.

Вчера се одржа првата обука во рамките на оваа кампања на Црвен крст Охрид, со која беше опфатен наставнички кадар од сите основни и средни училишта од општините Охрид и Дебрца.

Црвен крст Охрид долгогодишно активно работи на планот на унапредување и развој на дејноста во делот на првата помош, сега со посебен придонес во образовните институции каде уште од најмала возраст се обучуваат младите како правилно да укажат помош таму каде што е потребна.
Првата помош е непроценлива животна вештина која децата треба да ја надоградуваат во текот на животот. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Филмот „М“ на Вардан Тозија утревечер премиерно во Охрид
Next ГКК Охрид во недела гостува кај Кожув во Гевгелија

Слични вести

Охриѓанецот Петар Гавриловски освои втора награда на International youth music competitions во САД, во септември ќе настапи во Њујорк Охриѓанецот Петар Гавриловски освои втора награда на International youth music competitions во САД, во септември ќе настапи во Њујорк
1 min read

Охриѓанецот Петар Гавриловски освои втора награда на International youth music competitions во САД, во септември ќе настапи во Њујорк

Вториот  турнир од Јадранската текбол лига утре во Охрид, ќе учествува и охриѓанецот Димитар Пејчиновски Вториот  турнир од Јадранската текбол лига утре во Охрид, ќе учествува и охриѓанецот Димитар Пејчиновски

Вториот  турнир од Јадранската текбол лига утре во Охрид, ќе учествува и охриѓанецот Димитар Пејчиновски

Почнува уписот во средните училишта, во Охрид може да се запишат 697 полуматуранти Почнува уписот во средните училишта, во Охрид може да се запишат 697 полуматуранти
1 min read

Почнува уписот во средните училишта, во Охрид може да се запишат 697 полуматуранти

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.