Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Во Македонија 100 проценти од средношколците учат странски јазик во училиштата

Во Македонија 100 проценти од средношколците учат странски јазик во училиштата

Луксембург сити, 30. октомври 2023 (ИНПРЕС) – Македонија е меѓу петте земји во Европа каде што 100 проценти од средношколците учат странски јазик во училиштата, покажува анализата на порталот „Ландгеист“, базирана на податоци на „Евростат“.

Покрај земјава, сите средношколци изучуваат странски јазик и во Лихтенштајн, Малта, Романија и Шведска.

Образовниот систем е една од причините поради која многу луѓе во Европа можат да зборуваат странски јазик. Три четвртини од сите средношколци во европските земји учат еден или повеќе странски јазици. Иако тоа не гарантира дека овие ученици на крајот ќе можат да ги зборуваат јазиците што се учат, тоа им обезбедува алатки за да го стекнат тоа знаење.

Најмал удел на средношколци кои учат странски јазик има во Данска (76,0%) и во Исланд (80,2%). Сепак, овие две земји се познати по тоа што имаат население кое одлично зборува англиски.

Во Бугарија странски јазик учат 98,8 отсто од средношолците, во Хрватска 98,6, Словенија 97,8, во Грција 95,3, а во Германија 87,8 проценти. (Крај)

извор: Сител фото: архива

Post navigation

Previous Утре јавна расправа по Студијата за оцена на влијание врз животната средина изградба на регионална депонија во Новаци
Next Водостојот на Охридското Езеро и понатаму под просекот, од Билјанините извори не тече вода

Слични вести

Од понеделник комуналниот отпад ќе се подига од 06:00 часот Од понеделник комуналниот отпад ќе се подига од 06:00 часот

Од понеделник комуналниот отпад ќе се подига од 06:00 часот

Успешно заврши оперативниот зафат на охриѓанецот Миле Бежоски Успешно заврши оперативниот зафат на охриѓанецот Миле Бежоски
1 min read

Успешно заврши оперативниот зафат на охриѓанецот Миле Бежоски

На 20 јуни ќе се одржи шестиот Меѓународен ИТФ натпревар во традиционално теквондо „Ohrid Open 2026“ На 20 јуни ќе се одржи шестиот Меѓународен ИТФ натпревар во традиционално теквондо „Ohrid Open 2026“
1 min read

На 20 јуни ќе се одржи шестиот Меѓународен ИТФ натпревар во традиционално теквондо „Ohrid Open 2026“

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.