Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Водостојот на Охридското Езеро на еден сантиметар под просекот за ноември

Водостојот на Охридското Езеро на еден сантиметар под просекот за ноември

Охрид, 9. ноември 2023 (ИНПРЕС) – Водостојот на Охридското Езеро е на само еден сантиметар под просекот за ноември.

Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), езерото е на кота од 693,28 м.н.в, што е за 1 сантиметар под просекот за ноември (693,29 м.н.в) и 18 сантиметри над минимално дозволеното ниво (693,10 м.н.в).

Температурата на водата е 15 степени и е за 2,1 степени повисока од просекот.

Од почетокот месецов се бележи тренд на пораст на водостојот, па котата досега водостојот е покачена за три сантиметри. Врнежите од дожд најавени за наредниве денови се очекува дополнително да ја подобрат хидролошката состојба на езерото.

Во Охрид денес сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Максималната температура ќе се искачи до 14. степени.

– Од утре попладне под влијание на нов влажен и постуден бран времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини врнежите повремено ќе преминуваат во снег. Во петок и сабота ќе дува засилен ветер од јужен и југозападен правец, информираат од УХМР. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес/УХМР

Post navigation

Previous УХМР: До 07:00 часот утрово во Охрид наврнаа 25 литри дожд на метар квадратен
Next ГКК Охрид во сабота гостува кај Еуроникел во Кавадарци

Слични вести

Здравје: Колку се здрави протеинските прашоци? Здравје: Колку се здрави протеинските прашоци?
1 min read

Здравје: Колку се здрави протеинските прашоци?

Голабоска за InPress и Супер радио: Љубовта кон филмот се развиваше во втор план, театарот ми помогна во работата со актерите и градењето на улогите Голабоска за InPress и Супер радио: Љубовта кон филмот се развиваше во втор план, театарот ми помогна во работата со актерите и градењето на улогите
1 min read

Голабоска за InPress и Супер радио: Љубовта кон филмот се развиваше во втор план, театарот ми помогна во работата со актерите и градењето на улогите

„Заборави“ – нова љубовна балада на Мими Јовановска „Заборави“ – нова љубовна балада на Мими Јовановска
1 min read

„Заборави“ – нова љубовна балада на Мими Јовановска

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.