Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • ИЈЗ: Пријавени 44 случаи на сезонски грип, во Охрид нема евидентирано заболени

ИЈЗ: Пријавени 44 случаи на сезонски грип, во Охрид нема евидентирано заболени

1 min read

Охрид/Скопје, 10. ноември 2023 (ИНПРЕС) – Во периодот од 30-ти октомври до 5-ти ноември во Република Македонија пријавени се 44 случаи на сезонски грип, информираат од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

– Заболените лица се регистрирани во Дебар – 24, Тетово – 4, Радовиш, Куманово и Кавадарци – по 3, Скопје, Прилеп и Струмица – по 2 и Македонски Брод – 1. Во однос на возраста, од 15-64 години се регистрирани 15 лица, од 0-4 години и од 5-14 – по 13 и над 65 години се 3 лица, е наведено во извештајот.

Во сезоната 2023/2024 вкупниот број на случаи на грип/заболувања слични на грип е 240. Во споредба со истиот период од минатата сезона (n=76), бројот на пријавени случаи е зголемен за 3 пати.

Од ИЈЗ потсетуваат дека вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна заштита од ова заболување, особено за ризичните групи граѓани.

Во охридскиот Центар за јавно здравје непречено се спроведува вакцинацијата против сезонски грип, како бесплатната така и комерцијалната. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Евгениј Поп Ацев примен во Куќата на славните на маратонското пливање
Next Шведски град ги поттикнува жителите да си велат „здраво“

Слични вести

Утре велосипедска тура околу Охридското Езеро по повод Денот на Европа Утре велосипедска тура околу Охридското Езеро по повод Денот на Европа

Утре велосипедска тура околу Охридското Езеро по повод Денот на Европа

Следниот петок почнуваат уписите во средните училишта, во Охрид може да се запишат 697 полуматуранти Следниот петок почнуваат уписите во средните училишта, во Охрид може да се запишат 697 полуматуранти
1 min read

Следниот петок почнуваат уписите во средните училишта, во Охрид може да се запишат 697 полуматуранти

Во 2025 година во Охрид брак склучиле 253 парови, а имало 105 разводи Во 2025 година во Охрид брак склучиле 253 парови, а имало 105 разводи

Во 2025 година во Охрид брак склучиле 253 парови, а имало 105 разводи

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.