Охрид, 10. ноември 2023 (ИНПРЕС) – Македонската традиционална таеквондо федерација викендов ќе учествува на два меѓународни натпревари во Бугарија и Албанија.
Под водство на претседателот на федерацијата Марјанчо Лазаревски теквондисти ќе учествуваат на престижниот ИТФ А класа натпревар „Бугарија Опен 2023“ во Пловдив. Ќе учествуваат пет натпреварувачи од кои 4 од клубот „ХВА РАНГ ИТФ“ Лескоец Охрид и еден „Сонкал“ Мислешево Струга.
Поради повреда Христијана Парулеска и натаму не се натпреварува, но е поканета од Бугарската ИТФ во улога на судија.
Под водство на националниот селектор Саша Поповски, 27 натпреварувачи од сите клубови ќе учествуваат на „Корча Опен 2023“, а и двајца наши судии, Божидар Димитриевиќ и Софија Колушоска, ќе ја делат правдата.
Претседателот Лазаревски се надева на одлично претставување и постигнување забележителни успеси. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива