Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Во септември во Охрид издадени се 3 одобренија за градба

Во септември во Охрид издадени се 3 одобренија за градба

Охрид, 13.ноември 2023 (ИНПРЕС) – Во месец септември во Охрид биле издадени 3 одобренија за градба, објави Државниот завод за статистика.

Во сите случаи инвеститори се физички лица. Предвидена е градба на 3 станови, со вкупна корисна површина од 200 м². Во анализираниот период во општина Струга нема издадено одобрение за градба, додека во Дебрца само едно.

На ниво на Македонија во септември 2023 година издадени се 326 одобренија за градење. Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 186 се наменети за објекти од високоградба, 79 за објекти од нискоградба и 61 за објекти за реконструкција. Од вкупно 326 објекти, на 192 како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 134 инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 773 станови, со вкупна корисна површина од 72.274 м². (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Македонската традиционална таеквон-до федерација викендов учествува на два Меѓународни натпревари во Бугарија и Албанија
Next Претставата „Чекајќи го Годо“ од Семјуел Бекет во сабота повторно пред охриѓани

Слични вести

Утре велосипедска тура околу Охридското Езеро по повод Денот на Европа Утре велосипедска тура околу Охридското Езеро по повод Денот на Европа

Утре велосипедска тура околу Охридското Езеро по повод Денот на Европа

Следниот петок почнуваат уписите во средните училишта, во Охрид може да се запишат 697 полуматуранти Следниот петок почнуваат уписите во средните училишта, во Охрид може да се запишат 697 полуматуранти
1 min read

Следниот петок почнуваат уписите во средните училишта, во Охрид може да се запишат 697 полуматуранти

Во 2025 година во Охрид брак склучиле 253 парови, а имало 105 разводи Во 2025 година во Охрид брак склучиле 253 парови, а имало 105 разводи

Во 2025 година во Охрид брак склучиле 253 парови, а имало 105 разводи

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.