Петар Маркоски го освојува светот – настапи во Ватикан пред папата Франциск

Петар Маркоски го освојува светот, настапи во Ватикан пред папата Франциск

Ватикан, 21. ноември 2023 (ИНПРЕС) – Светско, а наше. Охриѓанецот Петар Маркоски го освојува светот! Со својата виолина настапи во Ватикан пред папата Франциск.

Пред Папата за „World Day Of The Poor” ги изведе Hallelujah и Ave Maria. Настанот се оддржа на 19- ти ноември во „Paul VI Audience Hall” – Ватикан, каде беше организиран ручек и музички дел од повеќе артисти.

– Ја имав честа да бидам најавен како единствениот македонски музичар кој настапил пред Папата Францис, најава која беше дадена на самиот настан и секако на сите италијански телевизии меѓу кои и најпознатата Rai 1“, истакна Маркоски. (Крај)

извор: Охрид 1 фото: Охрид 1