Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Алармантен е трендот на опаѓање на менталното здравје кај адолесцентните девојчиња покажа студијата „Однесувања поврзани со здравјето на децата на училишна возраст“

Алармантен е трендот на опаѓање на менталното здравје кај адолесцентните девојчиња покажа студијата „Однесувања поврзани со здравјето на децата на училишна возраст“

1 min read

Охрид, 21. ноември 2023 (ИНПРЕС) – Алармантен е трендот на опаѓање на менталното здравје кај адолесцентните девојчиња, особено кај 15 годишните, ова е наведено меѓу заклучоците од меѓународната ХБСЦ студија „Однесувања поврзани со здравјето на децата на училишна возраст (11-15 години)“.

Презентацијата на националните наоди што се одржа во Охрид ги содржеше последните резултати од истражувањето спроведено во 2022 година, трендови низ изминатите истражувачки циклуси, како и осврт на наодите за здравјето на младите во периодот пред и пост-ковид.

Беше посочено дека многу прашања за тоа како децата и младите да живеат поздраво, побезбедно и повклучено во семејството, училиштето и заедницата остануваат отворени.

На презентацијата присуствуваа претставници од училиштата од југозападниот регион, стручни соработници и ученици од охридските училишта, училишни координатори од соседните градови, како и претставници од секторот за образование при општина Охрид. Учесниците имаа можност да се вклучат во дискусија, со цел унапредување на благосостојбата и здравјето на децата и младите во нашата држава.

– Сиромаштијата и традиционалната култура ги држи децата на најдолното скалило на хиерархијата на моќ и остварување на своите права. Родовите нееднаквости имаат големо влијание врз општата благосостојба на децата и младите, ги засегаат сите млади, независно од нивната припадност, уверувања и ориентација. И девојчињата и момчињата се жртви на нееднаквоста, но своето страдање го изразуваат на различен, „родово обоен“ начин, покажуваат дел од заклучоците на студијата.

Раководителот на секторот за образование при општина Охрид, Димитар Спасески им додели сертификати на училишните координатори од училиштата од Југозападниот регион, за успешно спроведување на последниот циклус на истражувањето.

Настанот беше во организација на Центарот за психосоцијална и кризна акција „Малинска“, Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Универзитетот во Тетово и Општина Охрид, а го реализираа членови на националниот тим на студијата HBSC и регионалните координатори од југозападниот регион. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Во кампањата „Бидете херои на чесноста” се вклучија и охридски училишта
Next Петар Маркоски го освојува светот, настапи во Ватикан пред папата Франциск

Слични вести

Здравје: Колку се здрави протеинските прашоци? Здравје: Колку се здрави протеинските прашоци?
1 min read

Здравје: Колку се здрави протеинските прашоци?

Голабоска за InPress и Супер радио: Љубовта кон филмот се развиваше во втор план, театарот ми помогна во работата со актерите и градењето на улогите Голабоска за InPress и Супер радио: Љубовта кон филмот се развиваше во втор план, театарот ми помогна во работата со актерите и градењето на улогите
1 min read

Голабоска за InPress и Супер радио: Љубовта кон филмот се развиваше во втор план, театарот ми помогна во работата со актерите и градењето на улогите

„Заборави“ – нова љубовна балада на Мими Јовановска „Заборави“ – нова љубовна балада на Мими Јовановска
1 min read

„Заборави“ – нова љубовна балада на Мими Јовановска

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.