„И Охрид имат пештери“, фото изложба на клубот Spiridon Speleo

„И Охрид имат пештери“, фото изложба на клубот Spiridon Speleo

Охрид, 22. ноември 2023 (ИНПРЕС) – Спереолошкиот клуб Spiridon Speleo во соработка со Општина Охрид организира изложба на фотографии насловена „И Охрид имат пештери“.

– Запознај ги подземните тајни на природата. Ова е уникатна можност да ѕирнете во нeдопрената убавина и чистота во подземниот свет на охридскиот варовник, велат организаторите.
Изложбата ќе се одржи на 1-ви декември од 17:00 часот, во просториите на Младински центар Охрид (поранешна касарна). (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива