Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Пристигнаа налепниците со „NMK“, од утре започнува дистрибуцијата до станиците за технички преглед

Пристигнаа налепниците со „NMK“, од утре започнува дистрибуцијата до станиците за технички преглед

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Скопје, 8. февруари 2024 (ИНПРЕС) – Налепниците со новата ознака за возилата во државата „NMK“ се пристигнати и од утре ќе започне нивна дистрибуција до станиците за технички преглед ширум државата, изјави за „Слободен печат“ техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски.

Како што изјави Тошковски, налепниците ќе бидат на товар на МВР, иако претходно беше предвидено граѓаните да ги чини од 30 до 50 денари.

Тендерот за набавка на налепниците „NMK“ го доби фирмата „Квантум дооел Скопје“, а производител на табличките е германската фирма „ЕХА Хофман“.

Според димензиите, МВР по различна цена ги набавува налепниците. Па, така за налепница со димензија 99×42 МВР плаќа 35 денари, за налепниците со димензии 85×40 милиметри цената е 41 денар, налепниците со димензии 63×37 милиметри чинат 35 денари и налепниците со најмала димензија изнесува 29,5 денари за две налепници. (Крај)

извор: Слободен печат фото: архива

Post navigation

Previous Уште 13 лица добија сертификати за лични асистенти на лица со попреченост
Next Две претстави на охридскиот народен театар ќе бидат финансирани од министерството за култура

Слични вести

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.