Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Успешен старт на сезоната за охридските стрелци на Меѓународен натпревар во Софија

Успешен старт на сезоната за охридските стрелци на Меѓународен натпревар во Софија

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Охрид, 9. февруари 2024 (ИНПРЕС) – Започнаа натпреварите во гаѓање со воздушно оружје-меѓународна програма.

Охридските стрелци својот прв настап го имаа на меѓународниот New Olimpic hopes & Grand Prix натпревар што се одржа во спортската сала WINBET во Софија, Бугарија

Успешен старт за Кристијан Балоски од СК „Охрид” кој во конкуренција на најдобрите репрезентативци и европски шампиони, успеа во квалификациите да се пласира на петтата позиција со резултат од 596,0 кругови, со што си обезбеди влез во финалето каде се натпреваруваат најдобрите осум.

– Своите најдобри перформанси ги покажа во финалето каде се пукаат само 24 дијаболи за нагреден фонд од 5000 евра за двете дисциплини. Во драматичен меч, рамо до рамо со Ризов и Канев, носители на повеќе европски и светски титули, успеа да се искачи на пиедесталот на третата позиција, со резултат од 221,4. кругови. Воедно и во јуниорска категорија натпреварот го заврши како третопласиран, информираат од клубот.

Кај девојките на пиштол најдобро пласирана беше Стефани Савеска од ЖСК „Лихнидос” која со резултат од 538 кругови се пласира на 5-та позиција. Во истата категорија Стефанија Велјаноска од СК „Охрид” се пласира на 8-та позиција (528), додека Наталија Савеска од ЖСК „Лихнидос” (522) се пласира на 11-та позиција во јуниорска категорија. Иван Милевски во дисциплината пиштол-јуниори, се пласира на 10-та позиција, со резултат од 525 кругови.

Успешен настап и за Бора Каќел од ЖСК „Лихнидос” во дисциплината воздушна пушка, кој со резултат од 551,6 кругови се пласира на 7-та позиција во јуниорска категорија. Кај јуниорките на пушка Теодора Спироска од СК „Охрид” се пласира на 21ата позиција со резултат од 563,5 кругови. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Две претстави на охридскиот народен театар ќе бидат финансирани од министерството за култура
Next Османи: Граѓаните затекнати во странство по 12.февруари со стари патни исправи, ќе можат да се вратат со патен лист

Слични вести

Нивото на Охридското Езеро за 8 сантиметри над јунскиот просек Нивото на Охридското Езеро за 8 сантиметри над јунскиот просек
1 min read

Нивото на Охридското Езеро за 8 сантиметри над јунскиот просек

Охриѓаните Александар Гавриловски и Гала Булатовиќ освоија прва награда на International youth music competitions во САД, во септември ќе настапат во Њујорк Охриѓаните Александар Гавриловски и Гала Булатовиќ освоија прва награда на International youth music competitions во САД, во септември ќе настапат во Њујорк
1 min read

Охриѓаните Александар Гавриловски и Гала Булатовиќ освоија прва награда на International youth music competitions во САД, во септември ќе настапат во Њујорк

Атлетичарот Јован Стојоски со нов државен рекорд на 400 метри со пречки Атлетичарот Јован Стојоски со нов државен рекорд на 400 метри со пречки

Атлетичарот Јован Стојоски со нов државен рекорд на 400 метри со пречки

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.