Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Изборната кампања за парламентарните избори од 18.април до 6.мај

Изборната кампања за парламентарните избори од 18.април до 6.мај


Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Скопје, 15. февруари 2024 (ИНПРЕС) – Изборната кампања за парламентраните избори закажани за 8.мај годинава, започнува на 18. април во 00:00 часот и ќе трае до 24:00 часот на 6.мај, соопшти Државната изборна комисија (ДИК).

Според роковникот што го усвои ДИК, изборната кампања започнува 20 дена пред денот на изборите и во првиот и вториот круг на гласање не смее да трае 24 часа пред денот на изборите и на денот на изборите.

Резултати од испитувањата на јавното мислење поврзани со учесниците во изборниот процес се објавуваат најдоцна пет дена пред денот определен за одржување на изборите, најдоцна на 02 мај до 24:00 часот.

Учесниците на изборите, листите со кандидат/и за пратеници трреба да ги достават до ДИК најдоцна на 02 април, до 24:00 часот – 35 дена пред денот на одржување на изборите.

Ждрепката за утврдување на единствена листа на кандидат/и за пратеници ДИК ќе ја одржи најдоцна на 13 април.

Јавниот увид во Ибирачкиот список започнува 28.февруари, а ќе трае до 18.март во 24:00 часот, до кога ќе можат да се поднесуваат и барањата за запишување, дополнување или бришење на податоци во Избирачкиот список.

Медиумите и електронските медиуми (интернет порталите), доколку обезбедуваат платено политичко рекламирање за учесниците во изборната кампања, се должни во рок од три дена од денот на распишување на изборите, да се регистрираат во ДИК. Радиодифузерите, печатените медиуми и електронските медиуми (интернет порталите) што нема да се регистрираат во ДИК, нема да имаат право да користат финансиски средства за платено политичко рекламирање, обезбедени од Буџетот на Република Северна Македонија. (Крај)

извор: МИА фото: архива

Post navigation

Previous Претставата „Сергеј е многу глупав“ утревечер повторно пред охриѓани
Next Пролетва ќе се маркираат подземните хидранти во Охрид, каде ќе има можност ќе се извадат на површина

Слични вести

Здравје: Колку се здрави протеинските прашоци? Здравје: Колку се здрави протеинските прашоци?
1 min read

Здравје: Колку се здрави протеинските прашоци?

Голабоска за InPress и Супер радио: Љубовта кон филмот се развиваше во втор план, театарот ми помогна во работата со актерите и градењето на улогите Голабоска за InPress и Супер радио: Љубовта кон филмот се развиваше во втор план, театарот ми помогна во работата со актерите и градењето на улогите
1 min read

Голабоска за InPress и Супер радио: Љубовта кон филмот се развиваше во втор план, театарот ми помогна во работата со актерите и градењето на улогите

„Заборави“ – нова љубовна балада на Мими Јовановска „Заборави“ – нова љубовна балада на Мими Јовановска
1 min read

„Заборави“ – нова љубовна балада на Мими Јовановска

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.