Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Подрачно одделение на ДИК во Охрид: Собрани околу 300 потписи, може да се даваат за 10 кандидати за претседател

Подрачно одделение на ДИК во Охрид: Собрани околу 300 потписи, може да се даваат за 10 кандидати за претседател

Подрачно одделение на ДИК во Охрид: Собрани околу 300 потписи, може да се даваат за 10 кандидати за претседател

Охрид, 26. февруари 2024 (ИНПРЕС) – Во тек е собирањето потписи за кандидатите кои сакаат да влезат во трката за прв човек на државата.

Од Подрачното одделение на ДИК во Охрид нѐ информираа дека досега се собрани околу 300 потписи. Додаваат дека потписи може да се даваат за десет кандидати.

Граѓаните поддршката на кандидатите можат да ја дадат во Подрачната единица на ДИК, што се наоѓа во просториите на Општина Охрид. Својот потпис можат да го дадат граѓаните од општините Охрид и Дебрца.

На државно ниво, заклучно со синоќа до 20:00 часот собрани се вкупно 24.830 потписи. Досега најмногу потписи има собрано кандидатот на ДУИ, Бујар Османи (8.560 потписи), следува Максим Димитриевски од ЗНАМ со 5.923, кандидатката на Левица Билјана Ванковска Цветковска има 4.478, Стевчо Јакимовски од ГРОМ 3.091 и Арбен Таравари 1.645.

Потписи ќе се собираат заклучно со 8. март. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous АК Охрид со неколку одличја на Националниот куп во фрлачки дисциплини
Next Д-р. Смически: Недостиг на кадар има, но засега успеваме да излеземе во пресрет на сите пациенти, се соочуваме и со инфраструктурни предизвици

Слични вести

Здравје: Вклучете четири намирници во вашата исхрана за поздрави црева Здравје: Вклучете четири намирници во вашата исхрана за поздрави црева
1 min read

Здравје: Вклучете четири намирници во вашата исхрана за поздрави црева

Здравје: Нова студија открива што му прави на мозокот една непроспиена ноќ Здравје: Нова студија открива што му прави на мозокот една непроспиена ноќ
1 min read

Здравје: Нова студија открива што му прави на мозокот една непроспиена ноќ

Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид

Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.