Поставени бекатон плочки на оштетениот дел од кружниот тек на булевар „Туристичка“, наскоро ќе се асфалтира (Фото)

Поставени бекатон плочки на оштетениот дел од кружниот тек на булевар „Туристичка“, наскоро ќе се асфалтира (Фото)

Охрид, 29. февруари 2024 (ИНПРЕС) – Делот од кружниот тек на пресекот од булевар „Туристичка“ со улицата „АСНОМ“ што беше оштетен поради санација на пукната цевка е поплочен со бекатон плочки како времено решение.

По нашата неодамнешна објава, од Општина Охрид нѐ информираа дека ваков зафат не се преземал претходно затоа што коловозот на тој дел понирал.

Со бекатон плочките привремено се санира состојбата, а како што најавија и претходно, повторија дека во најскоро време овој дел од кружниот тек ќе биде асфалтиран.

На 23-ти јануари пукнатата цевка кај кружниот тек, на пресекот од булевар „Туристичка“ со улицата „АСНОМ“ остави голем дел од Охрид без вода, предизвика поплавување на целиот коловоз на делот околу кружниот тек и создаде проблеми во нормалното одвивање на сообраќајот. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес