Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • ДИК усвои Упатство за двојните избори, на 8-ми мај на гласачките места да се оди еднаш

ДИК усвои Упатство за двојните избори, на 8-ми мај на гласачките места да се оди еднаш

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Скопје, 28. март 2024 (ИНПРЕС) – Државната изборна комисија (ДИК) го усвои Упатството за начинот на утврдување на идентитетот на гласачот, со кое се утврдува дека само еднаш ќе може да се оди на избирачките места за гласање на двојните избори на 8-ми мај – парламентарни и втор круг од претседателските избори.

– Со ова упатство се предлага откако ќе го остварат своето избирачко право и откако по сопствен избор ќе гласаат или само за претседателски или само за парламентарни избори граѓаните потоа нема да можат повторно во текот на денот да дојдат на избирачкото место и да гласаат за оној вид на избори за кои не гласале и за кои претходно не го искористиле даденото право за избор. Со ова предлог упатство избирачкиот одбор задолжително ќе ги прашува граѓаните за кој вид на избори сакаат да гласаат, а граѓаните имаат право да изберат и да се изјаснат за кој вид на избори ќе гласаат и тоа само за претседателски избори, само за парламентарни избори или и за претседателски и за претседателски избори, рече Борис Кондарко од ДИК.

Инаку, во пресрет на претседателските и парламентарните избори, политичките партии во земјава ги формализираат коалициите. Следниот четврток, 4-ти април, почнува изборната кампања за седмите претседателски избори на кои во првиот круг на 24-ти април ќе се гласа за седум кандидати. Парламентарните избори ќе се одржат на 8-ми мај, а учесниците на изборите треба до 2-ри април, до ДИК да ги достават листите со кандидати за пратеници. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Хуманитарна акција „Купи книга-подобри живот“ за помош на лице со оштетен вид
Next Малиот генијалец Македон издаде книга посветена на универзумот и неговото создавање

Слични вести

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.