Претставата „Лавиринтот“ од Димо Дешев во петок повторно пред охриѓани

Претставата „Лавиринтот“ од Димо Дешев во петок повторно пред охриѓани

Охрид, 1. април 2024 (ИНПРЕС) – Во петок, на 5-ти април со почеток во 20:00 часот на репертоарот на Народен театар Охрид повторно е претставата „Лавиринтот“ од Димо Дешев, во режија на Ѓорѓи Ризески.

– Во претставата играат Ивица Цонев и Марко Богдановски. Композитор е Алмир Бајрамоски, а во претставата се користат пиротехнички средства, информираат организаторите.

Претставата за која препорачана возраст е +16 години ќе се игра во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, а билетите се продаваат по цена од 200 денари. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива