Од 1-ви јуни директен лет од Скопје до грчкиот остров Крф

Од 1-ви јуни директен лет од Скопје до грчкиот остров Крф

Скопје, 2. април 2024 (ИНПРЕС) – Грчката авиокомпанија „Aegean Airlines“ ќе започне со редовни летови меѓу Скопје и грчкиот остров Крф од 1-ви јуни, соопшти Ex-Yu Aviation.

Од скопскиот аеродром ќе се лета секој вторник и сабота, додека возвраните летови се планирани за среда и недела. Летовите ќе се одвиваат до 28-ми септември 2024 година.

Во моментов, повратен билет е со почетна цена од 220 евра.

Ова е трета дестинација која oваа авиокомпанија ја воведува од Скопје, откако претходно воведе летови меѓу Скопје и Атина и Скопје и Сараево. (Крај)

извор: Слободен печат фото: архива