Приведен жител на струшко село кој физички ја нападнал сопругата

Приведен жител на струшко село кој физички ја нападнал сопругата

Струга, 12. април 2024 (ИНПРЕС) – На 12-ти април 2024 година во 00:40 часот, во полициското одделение во струшкото село Велешта, лишено е од слобода 55 годишно лице од селото Октиси.

– Тој претходно, во семејниот дом, физички ја нападнал неговата сопруга. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ИнПрес