Во февруари во Охрид издадени 10 одобренија за градба

Во февруари во Охрид издадени 10 одобренија за градба

Охрид, 12. април 2024 (ИНПРЕС) – Во месец февруари во Охрид биле издадени 10 одобренија за градење.

Според податоците на Државниот завод за статистика, од нив 8 се на физички лица, а 2 на деловни субјекти.

Предвидена е градба на 75 станови со вкупна корисна површина од 4.968 м².

Во анализираниот период во општините Струга и Дебрца не се издадени одобренија за градба.

На ниво на Македонија во февруари годинава издадени се 387 одобренија за градење. Од вкупниот број на издадени одобренија, 171 се наменети за објекти од високоградба, 119 за објекти од нискоградба и 97 за објекти за реконструкција. Од вкупно 387 објекти, на 216 како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 171 инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 951 станови, со вкупна корисна површина од 78.892 м². (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива