Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Почнува судењето на Трамп – прво во историјата на САД против поранешен претседател

Почнува судењето на Трамп – прво во историјата на САД против поранешен претседател

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Њујорк, 15. април 2024 (ИНПРЕС) – Поранешниот американски претседател и актуелен кандидат за функцијата од редовите на републиканците, Доналд Трамп, денеска треба да се појави во окружниот суд во Њујорк каде што треба да почне судски процес против него, пренесуваат светските медиуми. Станува збор за прв судски процес во историјата на САД, во кој на обвинителна клупа ќе седне поранешен претседател на Соединетите Држави кому ќе му се суди за кривично дело.

Трамп е обвинет за фалсификување на деловни книги за да го прикрие поткупот што и го исплатил на поранешната ѕвезда во филмови за возрасни, непосредно пред претседателските избори во 2016 година, потсетува Би-би-си.

На 77-годишниот Трамп, доколку биде осуден, му се заканува максимална казна затвор од четири година, која, како што наведува британскиот сервис, тој би можел да ја избегне и да се соочи со друга санкција.

Поранешниот американски претседател се товари дека преку својот адвокат ѝ исплатил 130 000 долари на Сторми Даниелс за да молчи за нивната наводна афера, пред изборите во 2016 година.

Во врска со обвинувањата, Трамп се изјасни за невин оценувајќи ги како политички мотивирани.

Судењето на Трамп, кое експертската јавност го оценува како историско и без преседан, доаѓа во пресрет на кампањата за претседателските избори во САД, што ја отвора можноста потенцијалниот кандидатот на републиканците да стане осуден за кривично дело, неколку месеци пред граѓаните на земјата да излезат на гласање.

Судењето, кое денеска ќе започне со избор на поротата, се очекува да трае од шест до осум недели, а во фокусот ќе бидат парите што Трамп ги исплатил преку својот поранешен адвокат Мајкл Коен.

Инаку, овој случај е само еден од четирите со кои се соочува Доналд Трамп оваа година. Сепак, конкретниот судски процес би можел да биде единствениот што ќе одржи пред изборите во ноември на кој експретседателот ќе се обиде да му се реваншира на актуелниот американски претседател Џо Бајден за поразот пред четири години.

извор: 360 степени фото: архива

Post navigation

Previous Утре ќе се одржи 40. седница на Советот на Општина Охрид
Next Центарот за јавно здравје со поволни услуги за станоиздавачите за дезинфекција на објектите

Слични вести

Здравје: Вклучете четири намирници во вашата исхрана за поздрави црева Здравје: Вклучете четири намирници во вашата исхрана за поздрави црева
1 min read

Здравје: Вклучете четири намирници во вашата исхрана за поздрави црева

Здравје: Нова студија открива што му прави на мозокот една непроспиена ноќ Здравје: Нова студија открива што му прави на мозокот една непроспиена ноќ
1 min read

Здравје: Нова студија открива што му прави на мозокот една непроспиена ноќ

Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид

Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.