Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Неделков: МОН ги известило училиштата неработните 24-ти април и 8-ми мај да се одработат во саботи

Неделков: МОН ги известило училиштата неработните 24-ти април и 8-ми мај да се одработат во саботи

1 min read

Скопје, 19. април 2024 (ОХРИДПРЕС) – Од кога неработните денови преку ноќ стануваат работни, прашува претседателот на СОНК, Јаким Неделков преку својот профил на Фејсбук, каде објави известување од Министерството за образование и наука (МОН), според кое деновите на одржување на изборите, 24-ти април и 8-ми мај, што беа прогласени за неработни, да се одработат во две саботи.

– Впрочем, и други учебни години завршувале и биле верифицирани од страна на министерот со помалку од 180 работни денови, како на пример учебната 2021/22 година, истакна Неделков.

Во известувањето стои дека со цел да се исполни одредбата од Законот со кој учебната година се остварува во 180 наставни денови, а притоа да не се продолжи учебната година, деновите кога се одржуваат изборите ќе се надоместат со организирање на настава на 18-ти мај (сабота) со часови од денот 24 април 2024 година и 1-ви јуни (сабота) со часови за денот 8 мај 2024 година.

– Воедно за училиштата кои се наоѓаат на територија на Град Скопје за денот 30 ноември 2023 (четврток), кога согласно Нацрт записникот од 199 седница на Владата на Република Македонија, одржана на 14 ноември 2023 година, се одреди како неработен ден за учениците од основните училишта на територија на Град Скопје, наставниот ден ќе се одработи на 15 јуни (сабота) во часови од денот 30 ноември 2023, е наведено во известувањето пратено од МОН, што го објави Неделков.

Тој бара министерот за образование веднаш да го повлече известувањето до училиштата, со кое се задолжуваат да ги одработат неработните денови, прогласени од Владата, заради одржување на престојните избори.

МОН вчера информира дека 23-ти април и 7-ми мај, односно деновите пред гласањето ќе бидат работни за сите училишта. При тоа, во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес, наставата ќе се реализира од 07:00 до 11:00 часот, со скратени наставни часови за сите одделенија, односно класови. Во останатите училишта каде не се спроведува гласање, наставата се реализира вообичаено и согласно предвидениот дневен распоред.

Наставната година за учениците од средните училишта трае до 10-ти јуни, додека за учениците од основните училишта до 17-ти јуни. Првпат оваа година учениците ќе имаат пролетен распуст, од 29 април до 5-ти односно 6-ти мај. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

Post navigation

Previous The more I take care of my car, the more it takes care of me
Next Just a reminder that I’m going on vacation and you’re not.

Слични вести

Здравје: Вклучете четири намирници во вашата исхрана за поздрави црева Здравје: Вклучете четири намирници во вашата исхрана за поздрави црева
1 min read

Здравје: Вклучете четири намирници во вашата исхрана за поздрави црева

Здравје: Нова студија открива што му прави на мозокот една непроспиена ноќ Здравје: Нова студија открива што му прави на мозокот една непроспиена ноќ
1 min read

Здравје: Нова студија открива што му прави на мозокот една непроспиена ноќ

Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид

Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.