Охрид, 22. април 2024 (ИНПРЕС) – Вечерва во концертната сала на ОМУ „Методи Патче“ од Охрид концерт ќе одржат учениците од ова училиште.
Концертот е по повод велигденските празници. Учениците на пијано, виолина, флејта и хармоника ќе изведат дела од Шуберт, Чајковски, Бах, Рубинштајн и други, во пијано придружба на проф.м-р Ирена Веруш и проф.м-р Даниел Чуркоски.
Почетокот на концертот е во 19:00 часот. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива