Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43
Охрид, 7. мај 2024 (ИНПРЕС) – Со свечен прием СВР Охрид го одбележа 7-ми мај, Денот на безбедноста и Ден на македонската полиција.
Полициската работа не е лесна, но најважно е граѓаните да ги почувствуваат бенефитите од секојдневното работење на полициските службеници.
Началникот на СВР Охрид, Игор Смилески ја оцени како стабилна и на задоволително ниво безбедносната состојба на подрачјето на секторот, со намалување во делот на тешките кражби, недозволена трговија со дрога, економскиот криминалитет. Колку за илустрација, во првиот квартал од оваа година на подрачјето на Охрид се бележи намалување на бројот на вкупно регистрирани кривични дела од 13,5%.
– Во 2023 се бележи намалување од 19% на вкупно регистрирани кривични дела на ниво на СВР Охрид, а ефикасноста во расветлување на НН дела е 46%. Во делот на тешките кражби во 2023 се бележи намалување од 27% споредено со 2022 година. Во делот на економскиот криминалитет се бележи намалување на регистрирани кривични дела од 33%, во делот на недозволена трговија со дрога во текот на 2023 регистрирани се 145 кривични дела, поднесени се 129 кривични пријави против 143 лица. Од страна на отсекот за превенција преземени биле 111 активности.
Во првото тромесечие од 2024 година ефикасноста во расветлување на НН дела е зголемено, на подрачјето на Охрид се бележи намалување на вкупно регистрирани кривични дела од 13,5%, во делот на класичен криминалитет поднесени се вкупно 136 кривични пријави против 145 лица. Има зголемен број на поднесени кријави во делот на економски криминал за 35%. Има намалување на бројот на сообраќајни незгоди за 4% и намалување на сообраќајните незгоди со телесни провреди за 9%. Во делот на недозволена трговија со дрога во првото тромесечие се регистрирани 27 кривични дела и поднесени се 25 кривични пријави против 27 лица, рече началникот Смилески.
СВР Охрид е современа полициска организација што им служи на граѓаните, ефикасно работи во своето секојдневно работење.
– Кога станува збор за транспарентноста, СВР Охрид денес, впрочем како и целокупното министерство претставува најтранспарентна институција во Република Македонија. На годишно ниво од Канцеларијата за односи со јавност при СВР Охрид се лиферуваат над 1.000 соопштенија до медиумите со информации поврзани со тековно работење на полицијата, правиме околу 300 прес конференции, потоа брифинзи со новинарите итн, истакна портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
7-ми мај е ден на полициските службеници, заштитници на нашата заедница, всушност современи херои кои деноноќно, ризикувајќи ги своите животи, ја штитат зеднцата во која живееме, ја прават подобро и побезбедно место за живеење за сите наши граѓани, истакна заменик градоначалникот на Охрид Перчо Божиновски.
– Во борбата со криминалот вие несебично вршите благородна работа во сложени околности и често опасни ситуации за да ги заштитите граѓаните и да ја зголемите нивната безбедност и да ја направите заедицата посигурна. Ова денешно време е обременто со многу безбедносни предизвици и затоа потребно е вашето постојано усовршување, градење на вашите капацитети, лични и професионални, но и институционално и усовршување на вашето знаење и познавање на безбедносната проблематика. Тоа од вас го очекуваат граѓаните, истакна Божиновски.
Покрај дел од активните, на свеченоста присуствуваа и пензионираните полициски службеници, покажувајќи ја континуираната поддршка на полициската работа и СВР Охрид. Меѓу пензионерите беше и Димитрија Стојчески најстариот полицаец од времето на СФРЈ кој секоја година присуствува на приемите по повод Денот на македонската полиција, пригодно облечен во униформата што ја носел додека бил активен во службата. (Крај)
извор: ИнПрес фото: ИнПрес
