Во сабота трибина во Охрид: „Аутизмот во Македонија – „лет во место“ или прогрес“

Во сабота трибина во Охрид: „Аутизмот во Македонија – „лет во место“ или прогрес“

Охрид, 14. мај 2024 (ИНПРЕС) – Оваа сабота, 18-ти мај во ќе се одржи трибината „Аутизмот во Македонија – „лет во место“ или прогрес“.

Александра Сабрас Апостолова, вработена како дефектолог во Општа болница Охрид во изјава за Супер радио и InPress вели дека расте бројката на деца со аутизам, немаме регистар и точна дијагноза, па овие деца се ставаат во друга категорија состојби.

– Од мое искуство, 18 години работам со оваа проблематика, расте бројот на деца со аутизам, немаме регистар, нема точна дијагноза, ги ставаат во друга категорија состојби. Нема систем на поврзаност, овие деца не се рано откриени, дијагностицирани, родителите лутаат низ други институции и потоа се губат и тоа е голем проблем.
Проблем станува и кога ќе одат кај матичните лекари или во училиште, тие деца мора да се вклучат, има асистенти што им се дадени на децата. Треба повеќе реформи во образованието да се направат или посебни програми да се искорсти потенцијалот на тие деца, да не е траума за детето, родителите, семејството, вели Апостолова.

За моменталната состојба со аутизмот во Македонија на трибината ќе говори проф. д-р Владимир Трајкоски, професор на Институтот за дефектологија на Филозофскиот факултет при УКИМ и претседател на Македонското научно здружение за аутизам, а Валентина Павловска Златановска ќе го сподели искуството и лавиринтите низ кои поминала како родител на дете со аутизам.

Трибината ќе се одржи во Општина Охрид со почеток во 12:00 часот. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива